Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската јавност беше изненадена кога пред неколку дена се појави информација дека Кејн побарал да замине од Баерн, а тогаш беше откриено и каде наводно сака да ја продолжи својата кариера.
Сепак, пред неколку дена се појави информација дека Хари Кејн сака да си замине од Баерн и тоа им го соопштил на раководителите на Баерн.
Наводно, има понуда да се врати во Премиерлигата, но она што Англичанецот го сонува е заминување во Барселона следното лето.
Тој би направил исто како и Роберт Левандовски кој од Баерн замина во Барселона.
Во Барселона сметаат дека Кејн е идеална замена за Левандовски и сакаат следното лето да го завршат овој трансфер. Договорот на Кејн го врзува за Баерн до 2027 година, така што тимот од Минхен има опција да не го продаде следното лето ако не го сака тоа.
Наводно, одговорот од Баерн упатен до Кејн е јасен, а тоа е дека немаат намера да го продадат и дека ќе остане до крајот на договорот во клубот.
Манчестер Јунајтед „мерачи“ на Кејн, како и Тотенхем кој сака да го врати, а единственото што би го привлекло во Англија е да го надмине рекордот на најдобриот стрелец на сите времиња.
Фото: Принтскрин