Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хари Кејн, напаѓачот на Баерн Минхен, веќе ја има титулата за најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, но со секое ново појавување на теренот додава нови страници во фудбалските книги.
Во синоќешниот дуел против Летонија, кој Англија го доби со убедлива победа од 5:0 и на тој начин осигура прво место на Светското првенство меѓу европските екипи, Кејн повторно блесна. Тој постигна два гола, а со вториот гол урна уште еден национален рекорд.
Со ова остварување, Кејн стана англиски репрезентативец со најмногу голови постигнати додека игра за клуб надвор од Англија. Сега има вкупно 18 гола, надминувајќи го легендарниот Гери Линекер, кој постигна 17 гола за националниот тим во периодот од 1986 до 1989 година како член на Барселона.