Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан откри дека не видел поголем тениски талент од Никола Гњатовиќ на кој му се предвидувала голема иднина.
Никола тврди дека ги победил Сафин и Гонзалес на јуниорски натпревари, а имал триумф и против Федерер на тренинг.
„Играв за Дејвис куп репрезентацијата против Турција, а со мене во селекцијата на Србија беа Типсаревиќ, Вемиќ и Тошиќ. Претходно во јуниор ги победив Сафин, Гонзалес и Федерер. Нема кој не ми предвидуваше светски трон“, вели Никола.
Неговиот пекол почнал на 21 година, по што му пропаднала тениската кариера.
„Првпат земав хероин на 21 година и тука почна мојот пекол. Заглавив во долгови, криза, почнав да крадам за да дојдам до нова дрога. Се обидував да играм тенис, но не ми успеваше. Во тоа време ми се распадна и семејството. Повеќе од 10 пати бев во болница…“, открива големиот тениски талент.