„Ќе го киднапирам Дембеле само за да остане во Барселона“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вечерва игра на гостински терен против Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа, а каталонскиот гигант ќе се обиде да избори полуфинале во натпреварувањето.

Каталонскиот тим одржа прес-конференција пред мечот на која се појавија тренерот Чави Ернандез и напаѓачот Феран Торес.

Една од главните теми и овој пат беше Осман Дембеле кој игра во одлична форма во последно време, но засега не реши дали ќе остане во Барселона.

„Би го киднапирал само за да остане во Барселона. Ова е еден од најголемите клубови во светот и најдобар избор за него како фудбалер. Сепак, тука постојат некои работи во кои не треба да се мешаме. Тоа е негова лична одлука“, вели Торес.