Ќе има промени во гласањето: Одреден датумот за доделување на „Златната топка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ објави дека церемонијата за доделување на престижната награда „Златна топка“ ќе се одржи на 30 октомври во Париз, а во текот на вечерта и официјално ќе се дознае кој е наследникот на Карим Бензема.

Медиумот најави дека ќе има промени во начинот на гласањето. Имињата на кандидатите ќе бидат објавени еден месец претходно, а како критериум ќе се земат индивидуалните настапи на играчот, па потоа и карактерот на кандидатот пред освоените трофеи.

Жирито ќе биде намалено на 100 гласачи, односно новинари кои доаѓаат од првите 100 земји на ФИФА.