Ќе продолжи ли кинеската Суперлига? Се појави прв заразен фудбалер од коронавирус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коронавирусот во Кина направи хаос, но луѓето почнуваат повторно нормално да живеат и се размислува за старт на спортските настани во земјата.

Кинеската Суперлига требаше да продолжи од средината на април, но сега се појави прв случај на заразен фудбалер од Ковид-19.

Странскките медиуми пишуваат дека станува збор за фудбалер на второлигашки клуб. Тој е првиот фудбалер во Кина кај кого е откриен вирусот.

Иако името на фудбалерот засега не е официјално објавено, медиумите откриваат дека станува за бразилскиот играч Дори.

Во Кина моментално има 80.000 заразени жители, а животот го загубија 3.200 луѓе. Сепак, ситуацијата е ставена речиси под контрола.