Ќе се менува правилото за игра со рака: Чеферин испратил писмо до Инфантино!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин испрати писмо до првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, а тоа е поврзано со правилото за „игра со рака“, кое предизвика многу контроверзи во последниот период.

Чеферин го испратил писмото по натпреварот меѓу Челси и Рен, кога Далберт играше со рака и беше досуден пенал за премиерлигашот.

„Ваквото играње со рака е многу неправедно да се санкционира. Вакви и слични одлуки можат да донесат незадоволство во фудбалската заедница“, пишува во дел од писмото.