Ќе се врати ли Нурмагомедов во УФЦ?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Пред неколку дена се појавија шпекулации дека непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во УФЦ, но такво нешто најверојатно нема да се случи.

Нурмагомедов се повлече од рингот по победата против Џастин Гејџи во 2020 година, а тоа беше поттикнато од загубата на неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов.

„Престанете со глупостите дека Хабиб ќе се врати. Такво нешто нема да се случи. Нурмагомедов стои на зборот. Своето време го посвети на семејството“, кажа тренерот Хавиер Мендез.