Ќе танцува ли в недела: Едни му се закануваат, други му велат да остане оригинален!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке пред градското дерби против Реал Мадрид кажа дека ќе има проблеми ако Винисиус Жуниор почне да „танцува“.

Винисиус игра одлично оваа сезона и тој е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид во моментов, а посебно внимание привлекува неговото танцување.

„Сигурно ќе има проблеми“, кажа Коке во четвртокот, откако новинар го праша што може да се случи ако Винисиус танцува на „Ванда Метрополитано“.

Меѓутоа, Бразилецот доби поддршка од многумина за неговата прослава, а во одбрана застана и неговиот сонародник Нејмар.

„Танцувај, Вини, танцувај и биди свој. Среќен сум поради тебе“, напиша Нејмар.