Ќе запре ли машината на Пеп: Халанд се повредил на мечот со Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити се соочува со проблеми пред продолжение на сезоната затоа што нивниот најдобар напаѓач Ерлинг Халанд се повредил во мечот против Борусија Дортмунд.

Тренерот Пеп Гвардиола на прес-конференција кажа зошто морал да го замени Халанд.

„Постојат три причини за замената на Халанд. Една од нив е тоа што е изморен, а исто така имаше и мала настинка, но главна причина е тоа што доби силен удар во ногата. Затоа не играше во вториот дел. Докторите се загрижени без разлика на тоа што Халанд може да се движи нормално“, вели Гвардиола.

„Граѓаните“ со ремито против Дортмунд го обезбедија првото место во групата.