Кејн добива нов клуб и договор за кој сонува секоја ѕвезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британски „Сан“ објави дека англискиот репрезентативец Хари Кејн ќе си замине од Тотенхем, а негова следна дестинација ќе биде Манчестер сити.

Напаѓачот на Тотенхем и претходно кажа дека сака да замине од тимот, а газдата Даниел Леви е подготвен само да го пушти ако некој тим ги исполни неговите барања.

Манчестер сити е токму тој клуб, кој ќе плати 187 милиони евра за Кејн, а англискиот репрезентативец ќе добие плата од 470.000 евра неделно и ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот.

Леви е познат како некој кој не сака премногу да преговара и не отстапува од неговите барања, па така беше и со Кејн, а Сити немаше друг избор освен да плати 187 милиони евра.

Кејн најверојатно ќе потпише договор на четири или пет години, а тоа ќе биде објавено кога трансферот официјално ќе биде потврден од клубовите.