Кејн и Онана наместо во Манчестер јунајтед, се селат во други гиганти?


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Манчестер јунајтед планира да купи нов напаѓач и голман, а на списокот со желби на тренерот Ерик Тен Хаг се Хари Кејн од Тотнем и Андре Онана од Интер.

„Црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 40 милиони евра плус пет милиони во бонуси за Онана, но тоа не е доволно за Интер, кој бара најмалку 60 милиони евра.

Ал-Наср во меѓувреме се вклучил во трката и му испратил богата понуда, па Онана сега е на потег да реши дали сака да игра во Европа или ќе замине во С. Арабија.

Кејн во моментов е далеку од „Олд Трафорд“, затоа што конкретни потези за него почна да прави Баерн Минхен кој е во директни преговори со Тотнем.

Баерн веќе некое време сака да го купи англискиот голгетер, а за неговите услуги ќе плати околу 10 милиони евра.