Кејн израмни рекорд на Линекер: Едвај чекаме да заиграме против Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хари Кејн синоќа израмни рекорд на Гери Линекер откако против Данска го постигна 10. гол на големите натпреварувања за Англија.

Англичаните вчера ја совладаа Данска со 2-1 по продолженија, а голот за победа го постигна токму Кејн, кој претходно промаши пенал, но одбиената топка ја смести во мрежата на Каспер Шмајхел.

„Избрав страна и шутирав. Тоа не беше мој најдобро изведен пенал. Некогаш може да промашите, но тоа ви се враќа. За среќа, тоа се случи денеска“, вели Кејн.

Англија во финале ќе игра против Италија.

„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Ова е неверојатен трунир за нас досега. Остана уште еден меч и едвај чекаме да заиграме“, кажа напаѓачот на Англија.