Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн јавно покажа желба да го напушти тимот од Лондон и да се пресели во друг гигант следното лето.
„Скај Спорт“ објави дека Кејн сака да освојува трофеи и по девет години планира да го напушти лондонскиот тим, а веќе се шпекулира за негови потенцијални купувачи.
Кејн е интересен за многу клубови, меѓу кои и Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челси, но и Барселона, иако Англичанецот соопштил дека сака да остане во Премиерлигата.
Тоа значи дека летово англиските гиганти ќе се обидат да го купат Кејн, кој досега одигра 334 натпревари за Тотенхем, а притоа постигна 220 голови.