Кејн по проверен рецепт бега од Лондон, а на колегите им го открил новиот тим!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Газдата на Тотенхем, Даниел Леви важи за еден од најтешките луѓе за преговори без оглед на тоа дали станува збор за продажба или купување на нов фудбалер.

Сепак, Герет Бејл пронајде начин во 2013 година како да избега од Лондон, а сега по истиот рецепт ќе се обиде да се „спаси“ и Хари Кејн.

Познатиот новинар Мет Лоу објави дека Англичанецот ќе ги бојкотира подготовките за следната сезона и така ќе го натера Леви да размисли за продажба.

Новинарот открива дека Кејн разговарал со колегите од репрезентацијата и открил дека сака да се пресели во Манчестер сити, кој ќе треба да плати 100 милиони фунти за неговите услуги.

Иако Нуно Еспирито Санто го очекува на подготовките, сепак поголема е веројатноста дека Кејн ќе си замине од Лондон.