Кејн призна: Јас сум виновен за поразот од Франција!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англија загуби со 1-2 од Франција во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а трагичар беше напаѓачот на Тотнем, Хари Кејн.

Кејн реализираше еден удар од белата точка во 54. минута, но потоа го промаши вториот пенал кој беше досуден речиси половина час подоцна.

Англискиот напаѓач даде кратка изјава за новинарите по елиминацијата на неговата репрезентација од Мундијалот.

„Не сум некој што размислува премногу, се подготвувам за пенал како и сите други. Тимот не е виновен за ништо, јас ја преземам одговорноста. Чувствував малку самодоверба додека игравме, а на крај промашив пенал. Имавме одлична шанса за победа, но не успеавме“, вели Кејн.