Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Тотенхем го шокираа светот откако загубија во Конференциската лига со 1-2 од шампионот на Словенија, Мура, а тоа е уште еден резултат кој покажува колку се очајни сезонава.
Тотенхем со 10 фудбалери загуби од Мура, која минатата сезона за првпат во историјата ја освои шампионската титула.
На социјалните мрежи се појави податок дека само англискиот напаѓач Хари Кејн за околу шест недели го заработува цел годишен буџет на Мура што е навистина неверојатно.
А ниту на италијанскиот тренер Антонио Конте не му се верува во тоа што неговиот тим го покажа на теренот.
„Работите не се едноставни, зашто Тотенхем не е толку добар. Постои голема разлика во однос на најдобрите англиски тимови. Од тоа треба да се плашиме. Овде сум да ја поправам ситуацијата“, кажа Конте.