Кејн забележа шише Кока-Кола во воздух, а потоа направи шоу 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лондонскиот тим Тотенхем синоќа славеше на гости кај Брајтон со 2-0 во Премиерлигата, па така освои три бода со кои остана во трката за местата кои водат во Лига на шампиони (ЛШ).

Тотенхем постигна гол во 37. минута, кога Ромеро беше стрелец со многу среќа бидејќи топката го погоди откако Дејан Кулушевски испрати удар.

Но, во центар на внимание на мечот е Хари Кејн, кој повторно се запиша во листата со стрелци. Тој во 57. минута стави точка на средбата, кога погоди за 2-0, а потоа поради прославата стана главна тема на интернет.

Еден од навивачите фрли шише со Кока-Кола на теренот, по што Кејн ја шутна на волеј.