Кенеди повторно ќе биде пратен на позајмица, се сели во тим од Серија А


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Се чини дека и Френк Лампард кој се реши да им даде шанса на помладите фудбалери во клубот не верува многу во бразилскиот крилен фудбалер Кенеди.

Токму затоа, фудбалерот кој минатата сезона ја мина на позајмица во Њукасл сега ќе се пресели во тимот на Сасуоло, исто така како позајмен фудбалер.

Сасуоло остана без првиот избор за левата бековска позиција откако Роџерио се повреди во првото коло од Серија А, на натпреварот против Торино, па токму затоа Кенеди ќе биде донесен како привремено решение.