Кениец испиша историја: Кипчоге истрча маратон за помалку од два часа! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кениецот Елиуд Кипчоге конечно успеа во својата цел – да стане прв човек кој истрчал маратон (42 км и 195 метри) за помалку од два часа.

Кипчоге на маратонот во Виена, организиран специјално за да успее да постави време помалку од два часа, истрча за време од 1.59.40.2.

На тој начин 34-годишниот Кениец успеа во својата цел, откако пред две години во Монца „задоцни“ за само 25 секунди.

Времето на Кипчоге, сепак, нема да се води како нов светски рекорд, зашто нема да го признае ИААФ, но тој успеа да направи успех, кој се смета за еден од најголемите во атлетиката и спортот.