Кенин ја совлада Мугуруза и го освои Австралијан опен (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Софија Кенин е нова освојувачка на Австралијан опен. Таа во финалето во Мелбурн славеше против Гарбина Мугурза со 4-6, 6-2 и 6-2.

Младата американска тенисерка ја освои првата гренслем-титула во своето прво големо финале, па така стана најмлада шампионка на Австралијан опен уште од Марија Шарапова во 2008 година.

Од понеделник Кенин ќе напредува на ВТА-листата и ќе биде на седмото место на табелата. Исто така, ова е четврти трофеј во нејзината кариера.

Мугуруза го доживеа вториот пораз во своето четврто гренслем-финале, а триумфираше само на Ролан Гарос и Вимблдон.