Кепа две години по хаосот со Сари кажа зошто одбил да биде заменет!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот голман Кепа Аризабалага го загуби своето место како прв голман минатата сезона во Челси.

Кепа во лондонскиот тим стигна од Атлетик Билбао за 80 милиони евра, но прв голман беше само во тимот на Маурицио Сари.

Меѓутоа, тоа се промени во финишот на неговата прва сезона кога Челси играше во финале на англискиот Лига Куп против Манчестер сити.

Овој натпревар се играше во продолженија, а пред крајот на второто Сари сакаше да го замени Кепа со Вили Кабалјеро.

Кепа не сакаше да прифати измена и тоа го изнервира Сари кој почна да скока од гнев на клупата. Сепак, Шпанецот остана меѓу стативите и одбрани неколку пенали, но ја загуби довербата.

Шпанскиот чувар на мрежата објасни дека се пожалил на повреда, а Сари помислил дека не може да продолжи со игра.

„Дадов сигнал дека сум добро и не сум повреден. На Вембли имаше 80.000 навивачи и Сари не можеше да ме слушне. Жал ми е што не излегов од теренот. Згрешив и жал ми е поради Сари, но и поради Кабалјеро“, вели Кепа.