Кепа може да ги пакува куферите: Куртоа се враќа на терените!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека белгискиот голман Тибо Куртоа конечно се рехабилитирал по повредата и е подготвен да се врати на фудбалските терени.

Информацијата ја потврди и тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, кој кажа дека Белгиецот се вратил во тимот.

„Да, тој е добро. Утре ќе игра по подолго време. Тоа се добри вести, како и со Милитао, многу е возбуден“, изјави Анчелоти.

Куртоа се повреди на почетокот на сезоната поради што Реал Мадрид реши да го ангажира Кепа Аризабалага, кој на крајот на позајмицата ќе биде вратен во Челси.