Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франк Лампард не е задоволен од настапите на Кепа Аризбалага, па поради тоа го испрати на клупата за резерви, а на крајот на сезоната сака да го продаде најскапиот голман во светот.
Лампард веќе пронашол негова замена, а станува збор за Андре Онана, 23-годишниот чувар на мрежата на Ајакс, кој ќе го напушти клубот од Амстердам на лето.
Онана би требало да го замени Кепа, кој не брани како што се очекува од него сезонава, па тренерот немаше друг избор освен да побара друга алтернатива.
Многу голмани се поврзуваат со Челси, но сепак Лампард се решил за Камерунецот, кој би требало да стане прв голман на „сините“.
Челси за Онана се очекува да плати околу 40 милиони евра, а интерес за Камерунецот претходно покажаа и ПСЖ и Барселона.