Кепа повторно направи глупост, Ливерпул со лесни три бода од гостувањето кај Челси (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул ги освои трите бода на „Стемфорд Бриџ“ откако го совлада домашниот тим со 2:0.

Актуелниот англиски шампион двата гола ги постигна во второто полувреме за само неколку минути.

Работата на Ливерпул им ја олесни Кристенсен кој во финишот на првиот дел заработи исклучување.

Првиот гол падна во 50. минута, а стрелец на истиот беше Садио Мане. Само четири минути подоцна Мане ја искористи глупавата грешка на Кепа и го постави конечниот резултат.

Челси имаше пенал, меѓутоа Жоржињо не успеа да го совлада Алисон Бекер кој одлично му го одбрани ударот.