Керик збесна поради ѕвездите на Манчестер јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед пропушти голема шанса на гостувањето кај Њукасл, а нервозата на клупата беше очигледна во текот на целиот натпревар. Мајкл Керик беше бесен на своите играчи поради пристапот и бројните грешки кои на крајот скапо ја чинеа екипата.

Мајкл Керик не можеше да го сокрие бесот по натпреварот на Сент Џејмс’ Парк.

Тренерот на Манчестер Јунајтед беше особено лут поради, како што сметаше, премногу опуштениот пристап на неговите играчи во важниот натпревар.

Тоа беше една од најслабите партии на екипата откако Керик повторно го презеде тимот. Во текот на натпреварот повеќепати бурно реагираше покрај аут линијата.

Во еден момент, заедно со својата соработник Стив Холанд, почна да се дере на играчите да го подигнат темпото на игра.

Најдобро на тоа реагираше Бруно Фернандес. Португалецот се обидуваше да ја покрене екипата и да преземе одговорност на теренот.

Керик во еден момент дури мораше да го смирува Фернандес и да бара од него да престане да се расправа со судијата.