Кеси го напушта Милан, а веќе го избра и новиот клуб?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан на лето ќе загуби еден од најдобрите фудбалери, Франк Кеси кој ќе си замине како слободен фудбалер бидејќи му завршува договорот со калчолигашот.

Спортскиот директор Паоло Малдини, пред мечот меѓу Милан и Интер во полуфиналето на Купот, потврди дека нема договор меѓу тимот и фудбалерот.

„На Кеси му завршува договорот и нема да потпишеме нов. Клубот го кажа своето и нема да попуштиме“, вели Малдини.

Каталонските медиуми шпекулираат дека следен клуб на Кеси ќе му биде Барселона, која веќе бара начин како да ги исполни барањата на фудбалерот.

Кеси сака плата од шест милиони евра по сезона, а од Барселона во договорот сакаат да вметнат различни бонуси кои се однесуваат на резултатите за да стигне до посакуваната сума.