Кевин Дуран пристигнува во Европа и веќе знае за кој клуб сака да игра во Евролигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари на НБА, кошаркарот Кевин Дурант ова лето ги напушти Голден Стејт Вориорс и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Бруклин Нетс.

Дурант на крајот на изминатата сезона доживеа тешка повреда поради која уште некое време ќе чека за дебитирање во дресот на Нетси. Се очекува од него и од Кајри Ирвинг да бидат одличен тандем и со сигурност Нетсите ќе бидат едни од фаворитите за оваа сезона од кои се очекува да стигнат многу далеку.

Сепак тој само што пристигна во Нетс веќе размислува за неговиот нареден чекор во неговата кариера. Тој призна дека има можност да заигра и во Европа за да види дали може да направи уште нешто повеќе.

Во разговорот за Bleacher Report тој изјави дека би сакал последната сезона од својата кариера да ја одигра надвор од САД и тоа најверојатно во Европа.

„Постигнав многу работи во мојата кариера и тоа за релативно краток период и би сакал да видам дали можам да постигнам уште повеќе. Поради тоа искрено сакам својата последна сезона да ја поминам надвор од САД. Би сакал да заиграм за Барселона еден ден. Барселона игра во втората лига во светот ако ги гледаме по јачина. Нивните натпревари се многу забавни како и Европската Лига“, изјави Дурант.