Кевин-Принс Боатенг се откажа од братот Жером: Повеќе немам ништо со него!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кевин-Принс Боатенг се откажа од неговиот брат Жером кој беше казнет со 1,8 илиони евра поради физички напад на девојка.

Жером вчера се појави на Суд во Минхен по обвинувања дека физички ја нападнал поранешната девојка. Тој се спаси од затвор, но ќе мора да плати голема казна.

Со Жером повеќе ништо не сака да има неговиот брат, кој го откри тоа во разговор со германски „Билд“.

„Од него одамна се одалечив. Го почитувам германскиот закон и мразам насилство над жените. Не ги поддржувам неговите постапки и со него повеќе немам ништо“, вели Кевин-Принс.

Браќата Боатенг ја почнаа кариерата во Херта од Берлин, а многу подобра кариера имаше Жером, кој играше за ХСВ, Манчестер сити и Баерн Минхен.