Кевин Принс Боатенг заминува од Сасуоло и потпишува за уште еден великан


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


По изненадувачкиот транфер во Барселона каде пристигна на позајмица, Кевин Принс Боатенг е пред потпишување на договор со тимот на Фиорентина.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Боатенг ќе потпише двегодишен договор со виолетовите.

Поранешниот интернационалец на Гана ќе ја чини Фиорентина само еден милион евра, сума која вилоетовите ќе ја исплатат на Сасуоло кој се уште го поседува неговиот договор.