Кид: Дончиќ јасно покажа дека е еден од најдобрите во светот!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Далас маверикс ќе се соочи против Бостон селтикс во финалето на НБА-лигата, а најзаслужен за пласманот во завршницата е Лука Дончиќ.

Словенечкиот кошаркар му помогна на Далас по 13 години да се бори за шампионскиот прстен во НБА, а големи пофалби доби од Џејсон Кид.

„Дончиќ јасно покажа дека е еден од најдобрите во светот. Тој им даде до знаење на неговите соиграчи дека оваа сезона е време да се направи следниот чекор и да станат подобри“, кажа Кид.