„Килијан Мбапе и семејството се договорија со Реал Мадрид!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе зад себе има уште една одлична сезона, но постојано се шпекулира за негово заминување од ПСЖ.

Француските и шпански медиуми пишуваат дека Мбапе ќе замине во Реал Мадрид, а сега се јави и менаџерот Бруно Сатин.

Менаџерот тврди дека има информација дека Мбапе и неговото семејство веќе постигнале договор за трансфер во Реал Мадрид.

„Имам информација дека Мбапе и неговото семејство веќе постигнале договор со Реал Мадрид. Сепак, треба да се договорат и со ПСЖ“, вели менаџерот за медиумите.

Мбапе е член на ПСЖ од 2017 година, кога стигна на едногодишна позајмица од Монако со можност да биде откупен.

ПСЖ за неговите услуги плати 180 милиони евра и по Нејмар, кој е платен 222 милиони, тој е втор најскап играч во светот.

Мбапе досега за парижаните постигна 131 гол на 170 настапи во нивниот дрес, додека младинската кариера ја мина во Монако.