Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Звездата на ПСЖ – Килијан Мбапе ќе биде исфрлен од тимот за вечерашниот меч против Нант.
Тренерот на шампионот во Франција, Томас Тухел одлучи да го изостави Мбапе за вечерашниот натпревар против Нант, а причината поради тоа се коментарите кој ги даде после бламажата во Лил каде ПСЖ беше поразен со 5:1.
„Игравме како почетници. Можеме да изгубиме, се случува, но не на овој начин. Мораме брзо да се исправиме. Во среда имаме натпревар против Нант, не смее ова повеќе да ни се случи, мораме да победиме“, изјави Мбапе.
Овие зборови скапо го чинеа Мбапе. Тухел одлучи да го елиминира од тимот за овој меч и него вечерва против Нант нема да го гледаме.