Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Во текот на подготовките за новата сезона со Реал Мадрид, Килијан Мбапе одлучи да направи многу интересен потег.
Килијан Мбапе го тужи Парис Сен-Жермен за морално вознемирување, потврди денеска париското обвинителство.
Ѕвездата на Реал Мадрид е на суд со неговиот поранешен тим и бара од ПСЖ да му исплатат 55 милиони евра кои наводно му ги должат.
Се работи за точки во договорот кои наводно од неговиот сега веќе поранешен клуб никогаш не му ги исплатиле.
Мбапе, исто така, не е задоволен од начинот на кој клубот од Франција се однесуваше кон него, бидејќи мораше да седи на клупа во натпреварите од домашното првенство кога одби да го продолжи договорот.
Тој тврди дека бил изолиран од првиот тим поради некои други причини кои немаат врска со фудбалот.
Мбапе минатото лето пристигна во Реал Мадрид како слободен играч, откако постигна 256 голови за седум години поминати во ПСЖ.
Фото: Grok AI