Кими ја испиша историјата – доминација на Мерцедес во Шангај


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По двојната победа во Австралија (Расел победи пред Антонели), видовме дека Џорџ во спринт трката донесе нов триумф на Мерцедес, а во главната трка во недела Антонели победи пред својот тимски колега.

На победничкиот подиум му се придружи Луис Хамилтон, што ќе го радува седумкратниот шампион по една цела година без место на подиумот.

Зад него беше неговиот тимски колега Шарл Леклер со кого водеше жестока битка во текот на поголемиот дел од трката.

Новата ера на Формула 1 ни донесе возбудлива трка, но и јасно покажа дека Мерцедес во моментот нема конкуренција, па Антонели стана првиот Италијанец по Џанкарло Физикела што победил на трка во Формула 1.

Втор најмлад победник на трка во Формула 1 е токму Кими Антонели, па оваа трка во Кина поради тоа стана историска, и беше хаотична по многу нешта.

Сега, да кажеме нешто за сиот хаос во Шангај затоа што видовме дури седум откажувања!

Пред да започне трката, се повлекоа Алекс Албон од Вилијамс и Габриел Бортољето од Ауди, и тоа само една недела откако му донесе на тимот првите поени во историјата.

Актуелниот шампион, тимот на Мекларен, поради проблеми со електрониката ги повлече двете болиди!

За време на трката, видовме и откажувања на двата Астон Мартина, а исто така и Макс Ферстапен се повлече 10 круга пред крајот поради проблеми со електрониката.