Кими Антонели стигна до нова победа и го повтори успехот од 1953 година


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Големата награда на Јапонија донесе многу возбуда за време на самата трка, но победникот е ист како и во Кина, а тоа е Кими Антонели. Италијанецот, исто како и пред две недели, запиша нова победа во Формула 1.

Иако ги изгуби позициите на стартот, исто како и неговиот тимски колега Џорџ Расел, Кими имаше среќа за време на излегувањето на безбедносното возило и се врати на врвот.

Од враќањето на врвот, Антонели започна нова доминација и создаде голема предност во однос на второпласираниот Оскар Пиастри.

Тој е првиот Италијанец по Аскари кој во 1953 година запиша две победи по ред во Формула 1.

.