Кимих го следи Алаба: Има посебни услови за Баерн Минхен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Давид Алаба бараше огромна плата од Баерн Минхен, односно сакаше да стане најплатен фудбалер во тимот, а откако не му ја исполнија таа желба, тој порача дека ќе си замине.

Очигледно по неговите стапки ќе тргне и Џошуа Кимих, кој е еден од најдобрите фудбалери на баварскиот гигант.

Кимих сака да го продолжи договорот и да добие многу поголема плата од сегашната. Германски „Билд“ тврди дека тој е подготвен да прифати плата колку што има напаѓачот Роберт Левандовски.

Оваа сезона Кимих беше еден од најважните фудбалери и на 21 настап постигна два гола и 10 асистенции, а во Лигата на шампиони (ЛШ) на седум меча постигна еден гол и четири асистенции.

Овој фудбалер има договор до 2023 година, а ако не му ги исполнат условите, би можел да си замине од клубот како што ќе направи и Алаба.