Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер постигна гол во победата на Англија од 5-0 против Албанија.
Мегваер го постигна голот за водство од 1-0 во деветтата минута од натпреварот, а потоа го прослави со рацете на уши и на таков начин сакаше да ги замолчи критичарите.
Оваа прослава ја налути легендата на „црвените ѓаволи“, Рој Кин, кој не може да верува дека очајниот Мегваер на таков начин прослави гол.
„Ги стави прстите во уши за да ги замолчи критичарите. Срам да му е. Човекот е очаен со месеци во дресот на Манчестер јунајтед и мисли дека поради еден гол ќе прекинат критиките“, вели Кин.
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Иан Рајт исто така смета дека оваа прослава била непотребна.
„Не му требаше ова. Можеби и јас ќе направев такво нешто, но во моментов е погрешно зашто треба уште долго да игра професионален фудбал“, објаснува Рајт.