Кинезите уште го бојкотираат Озил: Арсенал беше прикажуван на телевизија, но кога Озил ќе ја допреше топката…

Поради јавните коментари за статусот на муслиманите во Кина, Месут Озил стана непожелна личност во оваа земја.

Играчот беше избришан од сите игри на ФИФА и ПЕС во Кина, а натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити дури не беше ни прикажуван.

Сепак, натпреварот со Борнмут беше на телевизиските екрани во Кина, но кога Озил ќе ја допреше топката коментаторите остануваа неми и ниту еднаш не го изговорија името на германскиот фудбалер.