Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Ник Кирјос конечно се врати на победите. Триумфираше во првото коло на Мастерсот во Мајами против Макензи Мекдоналд, а по завршувањето на мечот беше целосно искрен.
Кирјос победи првпат по октомври 2022 година, а тоа го доживеа емотивно:
„Нема да лажам, бев блиску до солзи на теренот. Помислив само на последните две години, беше брутално, морам да бидам искрен. Не можев да го поместам зглобот и лекарите ми рекоа дека нема веќе никогаш да играм. Ги слушав многу гласови однадвор, дали ќе бидам на овој ниво и ќе победувам повеќе некогаш. Да се игра е една работа, а да се победуваат натпреварите е сосема друга работа“.