Кирјос: Лекарите ми рекоа дека можеби никогаш повеќе нема да играм


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Кога можеше да биде еден од најдобрите, тоа не му беше најважно. Сега, кога сака да игра повеќе од сè – тоа повеќе не е толку лесно. Ник Кирјос го зафати проклетството на сите оние кои врвниот спорт не го доживуваат максимално професионално.

Токму тоа му се случува на големиот талент од Австралија, ниту по две години пауза не може да игра без болки во раката. Дуелот од првото коло на мастерсот во Индијан Велс го предаде на Ботик ван де Зандшулп при водство на Холанѓанецот со 7:6 (9:7), 3:0. Не ги криеше солзите по предавањето на натпреварот.

Тој вели дека пред повредата почувствувал дека му се враќа чувството за играта.

– Имаше искри на навистина добар тенис, во моменти навистина добро играв. И на тренинзите бев добар, а тогаш раката ме заболе буквално на претпоследниот поен. И порано имаше играчи кои оперираа зглоб, но ниту приближно немаа проблеми како јас. Лекарите ми рекоа дека постои можност никогаш повеќе да не играм тенис, така што ова сега е експеримент.