Кирјос „распука“: Немате срце ако се радувате на неговата повреда!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Екипата на Бостон Селтикс загуби од Њујорк Никс и сега имаат заостанатост од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата. Освен поразот во четвртиот натпревар, тие останаа и без нивниот најдобар играч Џејсон Тејтум кој доживеа сериозна повреда.

Се сомнева дека Тејтум ја повредил ахиловата тетива, поточно дека ја скинал и сигурно го очекува многу долг одмор.

Тејтум не е меѓу омилените кошаркари во целата НБА лига, поради што навивачите почнаа да се радуваат преку социјалните мрежи, а поради тоа се огласи и Ник Кирјос.

Австралиецот имаше што да порача.

– Кој и да се радува на повредата на Тејтум или на било кој спортист, вие сте најголемото ѓубре на светот – порача Ник Кирјос.

Фото: Принтскрин