Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ник Кирјос важи за еден од најконтроверзните тенисери во историјата на овој спорт, но е и голем пријател на Новак Ѓоковиќ.
Гостувајќи во подкастот “All on The Table”, кој го води познатиот тренер Патрик Муратоглу, Кирјос сподели детали од приватен разговор со Новак, кој се водеше во соблекувалната за време на турнирот во Индијан Велс оваа година.
– Го прашав: “Зошто сè уште играш?” А тој ми само рече: “Не знам.” Бев во фаза: “А семејството, децата?” Повторно рече: “Не знам” – откри Кирјос.
Овој разговор може да ги загрижи навивачите на Новак бидејќи Австралиецот рече дека никогаш не го видел Ѓоковиќ вака, а ретко се случува српскиот тенисер да одговара така едноставно на прашањата.
Фото: Grok AI