Кире Лазаров: Најважна е победата, треба да научиме многу работи од вакви натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот капитен Кире Лазаров ја презема одговорноста кога беше најмногу потребно и постигна погодок за победа против Украина од 26-25.

Капитенот во последните секунди од мечот ја затресе противничката мрежа и донесе важна победа за македонската репрезентација во првиот меч на Европското првенство (ЕП).

„Морам да кажам дека некако оваа година ми оди во последните секунди. Имав неколку шута кон противничкиот гол во последните минути, па на крајот отидов на сè или ништо. Нема од што да се плашиме и треба да научиме многу работи од вакви натпревари. Потребни ни се вакви натпревари затоа што Македонија се обединува. Поздрав до цела Македонија“, порача Лазаров.