Кире Ристевски е негативен на ковид-19!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација конечно доби добри вести пред важниот дуел против Грузија на 12 ноември, откако Кире Ристевски доби негативен тест на ковид-19.

Ристевски го победи вирусот и сега ќе биде подготвен да се приклучи во конкуренција за натпреварот на Македонија, во кој може да избориме пласман на Европското првенство во 2021 година.

Македонскиот дефанзивец им се приклучи на репрезентативците на последниот тренинг, по што ќе заминат во Тбилиси, каде што се игра мечот против Грузија во четврток од 18 часот.

Претходно селекторот Игор Ангеловски доби лоша вест затоа што Аријан Адеми е повреден и најверојатно нема да биде во конкуренција за дуелот против Грузија.

Фото: ФФМ