Кирјос ептен ја претера: Австралискиот тенисер беше исфрлен од турнирот во Рим (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ник Кирјос долго време важеше за идната голема ѕвезда на светскиот тенис, но незгодниот карактер го спречи Австралијанецот да постигне поголеми успеси, иако има огромен талент.

Кирјос никогаш не се смири, па годинава можевме да сведочиме на голем број глупости, кои ги направи на теренот.

Најновиот инцидент му се случи вчера на Мастерсот во Рим, откако Кирјос во второто коло против Руд заработи дисквалификација.

Во момент кога губеше со 1-2 во третиот сет, Кирјос збесна, па почна бурно да протестира кон судијата. Откако доби предупредување, тој уште толку збесна, па шутна едно шише и фрли столче сред терен, по што си ги собра работите и замина од турнирот.

Неговото однесување имаше само една последица, а тоа беше дисквалификација од Мастерсот.