Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ник Кирјос, контроверзниот тенисер, повторно на непримерен начин го критикуваше Новак Ѓоковиќ, но и неговиот тренер Горан Иванишевиќ, а причината е повеќе од јасна.
Откако беше откриено дека најдобриот тенисер во светот има коронавирус, сега заразен е и неговиот тренер, по што Кирјос пак ги критикуваше организаторите на „Адрија тур“.
По коментарите и споредувањата на српскиот ас и него, сега ликуваше вторпат во само неколку денови.
„Организаторите на турнирот водат 2-0 во гемови против Ковид-19“, напиша Кирјос на Инстаграм.
Коментар кој повторно ќе ја разбесни српската јавност, но контроверзниот тенисер знае да се „прослави“ само со своите глупости, а не со добри резултати на терен.