Кирјос: Ги победив Ѓоковиќ, Федерер, Надал, можам секого да го совладам!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос во Монтреал го елиминира првиот тенисер во светот, Данил Медведев со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 6-2.

Кирјос покажа дека е сериозен кандидат за титулата, а веќе има 14 победи во последните 15 меча, при што загуби само еднаш, и тоа од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.

По крајот на мечот против Медведев, новинарите го прашаа Кирјос што научи од победата, а тој им одговори во негов стил.

„Вие момци се однесувате како да не сум победил ниту еден голем тенисер. Веќе ги совладав Федерер, Ѓоковиќ и Надал. Дури и да загубам пет меча по ред, секогаш ќе имам шанса против било кого. Не играм само за себе, туку и за прекрасната публика. Тоа му е потребно на спортот“, вели Кирјос.