Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Познато е дека Ник Кирјос воопшто не го сака Новак Ѓоковиќ, а тоа го покажа многупати во текот на минатото.
Постојано го критикуваше преку неговите изјави, а една од нив се случи пред цела година, кога во интервју го нападна српскиот тенисер.
„Мене не ми е јасен Ѓоковиќ. Се чувствувам како да прави нешто за да биде сакан од јавноста“, кажа Кирјос.
Меѓутоа, контроверзниот тенисер сега го променил мислењето и неговата најнова изјава ги изненади сите.
„Би сакал да играм против Ѓоковиќ на Ју-Ес опен. Тој најверојатно е најдобриот тенисер во светот“, вели Кирјос.
Интересно е тоа што Кирјос има позитивен резултат со Ѓоковиќ, нешто што не можат да се пофалат ниту Роџер Федерер, ниту Рафаел Надал.
Ѓоковиќ сезонава ги освои Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон, па сега се надева и на четврта гренслем-титула во сезоната.