Кирјос игра тенис, но друг спорт му е во мислите: Тие се заљубени во тенис, но јас не сум!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос уште еднаш кажа дека не го сака тенисот премногу, иако со него се занимава и заработува многу пари.

Кирјос важеше за еден од најголемите таленти во светот на тенисот, но поради своето однесување никогаш не го достигна врвот.

Австралиецот со грчко потекло кажа дека не ужива во тенисот и вели дека кошарката за него е спорт кој го обожава.

„Не уживам во тенисот како што го прават тоа легендите Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Тие не можат да живеат без него и тоа е нивна љубов. Моја љубов е кошарката, но тој сон не успеав да го остварам. Не се будам секое утро со желба да напредувам дополнително. Исто така знам дека тие немаа толку критики и притисок на почетокот на кариерата“, вели Кирјос.